Феномен во Словенија: Цените на производите во продавниците масовно паѓаат, некои и 50 отсто!

283

Откако цените на храната дивееја во Словенија во првата половина од годинава, журнал24 пишува дека трговците во Словенија почнале да ги намалуваат цените на храната, а одредени категории доживеале попуст и до 50 отсто.

Тие контактирале со шест трговци кои работат во оваа земја за да проверат кои артикли и категории на храна значително ги намалиле цените, а од Хофер добиле одговор дека главно ги намалиле цените на млечните производи, месото и рибата, но и маслото, оризот и тестенините.

Словенечки Спар потврдија дека ги намалиле цените на 1.400 производи, во просек за 11 отсто, но дека некои артикли се намалени за 40 до 50 отсто, како свински шницли или сончогледово масло.

Во Меркатор, пак, утврдија дека неодамна почнале да ги намалуваат откупните цени на одредени категории производи како млечни производи, масло, брашно и свежо месо, додека Туш предупредува дека и покрај намалувањата, добиле најави од некои производители за нови поскапувања.

Новинарите на журнал24 ги проверуваа цените на одделните категории на производи и заклучија дека млекото кое пред летото чинеше од 1,09 до 1,25 евра, сега падна на 0,79 до 1,09 за литар, додека путерот, од цена која се движеше меѓу 2,29 и 3,39 евра, падна на опсег од 1,69 до 2,59.

Поевтини и гаудата – пред летото цените се движеа од 6,53 до 9,98 евра за килограм, но сега паднаа на 3,96, но во некои продавници достигнуваат и над 12 евра за килограм. Пониска е и цената на јогуртот – од просечни 1,19 паднала на 0,89 за литар во добар дел од анкетираните продавници.

Пад на цените бележи и сончогледовото масло, кое не беше ограничено во Словенија – цената на литар сега се движи меѓу 1,29 и 2,99, а ограничената цена во Хрватска е 1,72 евра за литар, пренесе Јутатњи хр.