FenSens – едноставен сензор и апликација за паркирање

26

fensens

FenSens е сензор за паркирање со едноставна апликација за мобилни уреди. Сензорите се поставуваат на браниците од автомобилот и истите се поврзани со апликацијата, којашто на корисникот му дава точен увид во просторот, додека го паркира возилото на тесен простор.

Сензорите детектираат предмети и објекти на оддалеченост од три метри, по што испраќаат визуелна и аудио порака на мобилниот телефон на корисникот. Се очекува неговата цена да биде 149 долари.

Зад дизајнот на FenSens стои истоимениот старт – ап од Сан Франциско, САД. Тие на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, бараат 100.000 долари поддршка.