Ферари донира милион евра поради поплавите во Италија

44

Италијанската Формула 1 екипа „Ферари“ ѝ донира на Агенцијата за територијална безбедност и цивилна заштита на областа Емилија – Ромања еден милион евра помош за поплавените подрачја.

Обилните поплави усмртија најмалку 13 луѓе, а илјадници се евакуирани во северната италијанска област Емилија – Ромања. Дури 23 реки се излеаја од коритата, а повеќе 400 патишта се делумно или целосно оштетени.
„Ферари“ како помош за погодените подрачја донира еден милион евра, вклучувајќи се во регионалната кампања за собирање средства, објави денеска италијанскиот Ф1 тим.
– Ферари во тешки времиња секогаш е покрај својата заедница – изјави извршниот директор на тимот, Бенедето Виња.
Големата награда на Емилија – Ромања, која требаше да се вози претстојниот викенд на патеката во Имола, е откажана по најкатастрофалните поплави во ова подрачје.
Фото: Facebook