
Турскиот пазар на лешници е во проблеми бидејќи италијанската компанија Фереро, производител на чоколадниот намаз Нутела, привремено го прекина купувањето лешници од оваа земја. Купувањето беше прекинато бидејќи залихите на лешници беа намалени и бидејќи цената на лешниците нагло порасна.
Весникот „Фајненшл тајмс“ пишува дека причините за зголемувањето на цените се мразот и штетниците што го нападнаа овој јаткст плод претходно оваа година. Во Турција обично се произведуваат помеѓу 600.000 и 700.000 тони лешници годишно, што е две третини од глобалната понуда. Сепак, се претпоставува дека производството оваа година ќе биде помало од 500 илјади тони или дури и помалку.
Гиленс Хакинг, основач на британската компанија за увоз на лешници CH Hacking & Sons, изјави дека цената на турските излупени лешници се зголемила од 9.000 на 18.000 долари по тон од јули.
Малите производители во Турција наводно ги задржуваат своите залихи, отфрлајќи ги ниските откупни цени на Ферерo. Од друга страна, италијанската компанија го продолжува откупот, чекајќи стабилизација на цените на лешниците. Марко Бота, раководител на одделот за набавка на лешници на Фереро, ја спореди ситуацијата со романот „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, велејќи дека компанијата станала Годо за „кралевите на лешниците“ во Турција.
Тој посочи дека компанијата моментално го набавува овој плод од Чиле и Соединетите Американски Држави, каде што го прошириле својот производствен капацитет во последните две години. Сепак, тој уверува дека се посветени на долгорочни инвестиции во Турција, дури и без формални договори со Турската комисија за житарки (TMO).
Аналитичарите веруваат дека оваа ситуација би можела да резултира со зголемување на цената на Нутела низ целиот свет. Сепак, Фереро не сакаше да коментира за можноста за зголемување на цената на популарниот чоколаден намаз.











