Ferrari ги демантира гласините за присилна продажба на електричниот „Luce“

– Еден месец по презентацијата на Ferrari Lucе, првиот електричен автомобил од Маранело, гласините за стратегијата за продажба сè уште циркулираат.

Според неодамнешните медиумски извештаи, дилерите наводно вршат притисок врз клиентите да нарачаат Luce со цел да го задржат својот статус на премиум клиент и да обезбедат пристап до идните ексклузивни модели. Сепак, Ferrari категорично ги негира таквите тврдења.

Ferrari: Присилната продажба би му наштетила на угледот на брендот

Главниот директор за маркетинг Енрико Галиера, во разговор за Automoto.it, директно ги негираше тие гласини.

„Постојат многу гласини за пазарот на Ferrari, но оваа е лажна. Нашата позиција беше јасна од самиот почеток: Luce е дизајниран за различен тип клиенти, не мора да се долгогодишни сопственици на Ferrari, иако секако се добредојдени да го купат“, рече Галиера.

Тој додаде дека таквата стратегија на крајот би му наштетила на Ferrari. Прво, незадоволните клиенти би станале „лоши амбасадори“ на брендот, ширејќи негативно мислење и оштетувајќи го угледот на компанијата.

Галиера, исто така, забележа дека незадоволните сопственици би можеле брзо да ги препродадат своите Luce автомобили, што би ја намалило нивната вредност за препродажба и потенцијално би создало негативен тренд на пазарот на половни возила.

Запрашан за побарувачката за моделот Luce, Галиера не откри точни бројки, но рече дека продажбата ги исполнува очекувањата на компанијата. Тој изјави дека нарачките во моментов се поделени приближно подеднакво помеѓу новите и постојните клиенти на Ферари.
Фото: Pixabay