Ferrero ја купи најголемата турска компанија за производство на лешници

32

lesnik

Италијанскиот кондитор Ferrero ја купи најголемата турска компанија за производство на лешници, Oltan Gıda, пишува турскиот весник Хуријет.

Ferrero веќе откупуваше 70% од вкупното производство на оваа турска компанија.

Со седиште во провинцијата Трабзон, Oltan Gida има пет фабрики и уште три објекти за интеграција. Во сезоната 2012-2013, фирмата имаше обрт од 500 милиони долари и извоз на 68.000 тони лешници. На Oltan Gida отпаѓа една третина од вкупното производство на лешници во Турција, а од 2002 година е најголем извозник.

Од компанијата не сакале да дадат коментар за Хуријет.