Фестивал на органска храна #8

62

Осмиот по ред Фестивал на Органска Храна годинава ќе се одржи на 1ви и 2ри септември на добро познатата локација Школка-Градски Парк, Скопје.

Двата дена програмата ќе започне во 10:00 часот и ќе трае се до 18:00 часот. Самиот фестивал вклучува богата интерактивна програма, во која ќе има организирано и едукативни работилници кои имаат за цел запознавање на што поголем број на граѓани со производите со органско потекло, како во делот на храната
и пијалоците, така и во делот на козметиката.

Овогодинешниот Фестивал брои повеќе од 20-тина органски производители и изложувачи на органски производи, интерактивна програма, музика, дружење.

Организатори на фестивалот се град Скопје и Подиум, а агендата за истиот изгледа вака:

Сабота, 01.09.2018г

  • 10:00 ч – Отворање на Фестивалот
  • 10:30 ч – Јога за деца
  • 11:15 ч – Работилница: Исхраната- главен фактор за балансирање на состојбите на лицата со
    посебни потреби
  • 12:00 ч – Детска Пелистерка работилница со боење : Најбрзите и најпрецизните со боичките, ќе си
    добијат подароци, Пелистерка производи
  • 14:00 ч – Дегустација на oсвежителни, безалкохолни, модерни и весели коктели со познатите
    Пелистерка производи
  • 14:30 ч – Работилница: Предности и бенефиции од користење на ЛОГОНА
  • 15:30 ч – Музика & Дружење и дегустација на многубројните производи на учесниците
  • 17:00 ч- Капоера – Афро-бразилски танц, борба и акробации за возрасни и деца
  • 18:00 ч – Крај на програмата за првиот ден

Недела, 02.09.2018г

  • 10:00 ч – Работилница: Никулците како супер храна и придобивките од нив
  • 11:00 ч – Работилница: “Лековитите габи- потентни зајакнувачи на имунитетот
  • 12:00 ч – На штандот на Пелистерка ќе биде присутна Катерина Димитровска – илустратор и дизајнер
    на текстил. Присутните во Парк (дечињата и родителите) можат на штандот да дојдат со бела маичка
    за да на лице место илустраторката им ја разубави со некаква илустрација (ликови од цртани филмови или нешто по нејзин или нивен избор)
  • 14:00 ч – Дегустација на oсвежителни, безалкохолни, модерни и весели коктели со познатите
    Пелистерка производи
  • 15:00 ч – Работилница: Социјални претпријатија и органска нега
  • 16:00 ч – Музика & Дружење и дегустација на многубројните производи на учесниците
  • 17:00 ч- Јога за возрасни
  • 18:00 ч – Крај на Фестивалот на Органска Храна # 8