Fiat Chrysler го смени својот главен и извршен директор

25

Фото: Facebook

Долгогодишниот главен извршен директор на автомобилската компанија Fiat Chrysler, Серџо Маркионе, заминува од функцијата поради здравствени причини, пишува BBC.

Неговото здравје се влошило во последниве неколку дена откако претрпел компликации по операцијата на десното рамо.

Серџо Маркионе (66) ја предводеше компанијата повеќе од една деценија и планира да се повлече од функцијата извршен директор следната година.

На негово место доаѓа Мајк Манли, раководител на дивизија на италијанско американската компанија Jeep.

Маркионе исто така е претседател и извршен директор и на Ferrari. Производителот на спортски автомобили најави негова замена, именувајќи го претседателот на Fiat Chrysler, Џон Елкан, како негов наследник.