Фиат го претстави новиот 500 L living со седум седишта

43

fiat 1

Италијанската компанија Фиат ги обелодени првите официјални фотографии од моделот Fiat 500 L living кој својата светска премиера ќе ја има во јули.

Со дополнителен трет ред седишта, новиот автомобил со пет плус две седишта е долг 435 сантиметри, широк 178, а висок 167 сантиметри.

Новиот Fiat 500 L нуди нов кожен ентериер, интегриран систем за навигација и задна камера за помош при маневрирање во рикверц.

Fiat 500 L living ќе се произведува во новата српска фабрика во Крагуевац. На почетокот нарачките ќе се примаат во Италија, а потоа и во останатите земји во Европа.

fiat 3

fiat 2