Фиат ја разгледува можноста за производство на Jeep во Русија

22

Jeep-Grand-CherokeeИталијанскиот автомобилски гигант Фиат ја разгледува можноста за производство на моделот Jeep Grand Cherokee во фабриката Таганрогски автомобилски завод (Тагаз) во Ростовската област во Русија, изјави претставник на руската фабрика.

“Chrysler е подготвен да даде налог на нашата фабрика за монтажа на теренското возило Jeep Grand Cherokee. Договорот за тоа е постигнат на состанокот на претставници на компанијата и регионов на 12 февруари. Потоа во Тагаз дојдоа 12 експерти на Chrysler кои извршија техничка ревизија на производството, кое 95% е подготвено за монтажа”, изјави претставникот на фабриката.

Официјалниот претставник на Фиат за Русија не сакал за агенцијата Интерфакс да ги коментира плановите на компанијата за овој пазар, пишуваат руските медиуми.

Фиат во февруари минатата година со Сбербанк потпиша договор за намери за организација на производство и дистрибуција на патнички и комерцијални возила во Русија. Уделот на учество на Сбербанк во проектот е 20%.

Фиат планира во 2014 година да го заврши преземањето на Chrysler група.