„Фиат панда“ добива замена, електричниот „Цитроен Ц3“ ќе се произведува во Крагуевац

157

Целосно електричен автомобил базиран на новиот „Citroen C3“, кој ќе биде замена за „Fiat Panda“, ќе започне со производство на крајот на 2024 година во српската фабрика во Крагуевац, пишува францускиот портал Largus, специјализиран за автомобилската индустрија.

Во текстот се наведува дека првиот човек на „Стелантис“ Карлос Таварес и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потпишале договор за производство на ново електрично возило и за инвестиција од 190 милиони евра во модернизација на фабриката.

Се наведува дека овој модел ќе има само електрична верзија во Европа, додека одделно ќе се продава во Јужна Америка.

Моделот ќе биде подолг од „Fiat Panda“ и ќе биде четири метри, наместо сегашните 3,69 метри.