Фиат прв на српската листа на извозници

30

fasПрвото место на листата 15 најголеми извозници од Србија во првите девет месеци годинава го зазема компанијата Фиат автомобили Србија, со 1,28 милијарди евра, објави Министерството за финансии, пренесуваат српските медиуми.

На листата најголеми извозници во периодот јануари – октомври следуваат Нафтена индустрија Србија со извоз од 230,9 милиони евра, Тигар гуми од Пирот со 203,4 милиони, ХИП Петрохемија со 189,9 милиони евра и фармацевтската компанија Хемофарм со 130,6 милиони евра.

Следни на листата се компаниите Горење, Таркет, Железара Смедерево, Јура корпорација, РТБ инвест…

Според последните податоци на Републичкиот завод за статистика, Србија во првите осум месеци оваа година имала извоз од околу 8,11 милијарди евра, односно 26,7% повеќе во однос на истиот период претходната година.

Увозот на стока имал вредност од 11,3 милијарди евра, што е повеќе за 4,8% во однос на истиот период лани.