Фиат во Србија го претстави новото име на компанијата и моделот 500X

20

fiat500x

Компанијата Фиат Автомобили Србија (ФАС) официјално го најави новото име и ќе се вика FCA Србија Крагуевац, соопштено е вчера на свеченост во италијанската амбасада во Белград. На свеченоста претпремиерно беше претставен и новиот модел Fiat 500X на српскиот пазар.

Промената на името е во согласност со минатогодишното спојување на FGA и Chrysler, стои во соопштението, пишува еКапија.

Моделот Fiat 500X од денеска е официјално поставен на 52 Меѓународен салон на автомобили кој се одржува на Белградскиот саем од 20 до 29 март.

Компанијата Фиат Автомобили Србија е основана 2008 година, како партнерски проект на италијанската FIAT Group Automobiles (FGA) и српската влада, при што Фиат поседува 67%, а Република Србија 33% сопственост.