Фич го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит банка

43

Fejiceva Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings, во 2014 година повторно го потврди кредитниот рејтинг од ББ+ на ПроКредит банка Македонија и ја зголеми оценката за индивидувалната кредитна способност на банката од б на б+, соопштуваат од банката.

Како што се наведува во соопштението, зголемувањето на оценката оваа година се должи на добриот квалитет на активата и ниското учество на кредити во доцнење над 90 дена, кое од 2010 година се одржува во опсег од 2% до 3% и во континуитет е под просекот во банкарскиот сектор.

Од 2005 година, Агенцијата Фич редовно го оценува кредитниот рејтинг на банката, задржувајќи ја оценката ББ+, која е највисокиот кредитен рејтинг кој финансиската институција може да го добие во Македонија.