Фич: Можно намалување на рејтингот на „Евроклир“

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ ја стави клириншката куќа „Евроклир“ под зголемен надзор со можност за намалување на рејтингот („Rating Watch Negative“) поради потенцијалниот раст на правните и ликвидносните ризици поврзани со запленувањето на руските средства, додека долгорочниот кредитен рејтинг беше задржан на ниво АА.

Европската комисија планира да ги искористи замрзнатите средства на Централната банка на Русија, кои се кај „Еуроклир“, за финансирање на репарациски заем за Украина, а „Фич“ предупредува дека таков заем носи ризици ако се реализира без цврсти правни и мерки за заштита на ликвидноста.

Сепак, Агенцијата претпоставува дека во случај на продолжување на планот за запленување на средства, ќе бидат обезбедени соодветни заштитни мерки, што би овозможило одржување на постојниот рејтинг.