Агенцијата Fitch Ratings објави дека очекува слаби финансиски резултати на американските банки во 2023 година, поради превирањата во системот поради колапсот на неколку банки.
Глобалната рејтинг агенција истакна дека повеќето банки ја започнаа оваа година со силна профитабилност, квалитет на средства, регулаторен капитал и ликвидност, што им овозможува да се справат со краткорочните предизвици, пренесува Anadolu Agnecy.
Успешноста, сепак, ќе зависи од нивниот „деловен модел, концентрацијата на средствата и различноста и стабилноста на финансирањето на депозитите“, се вели во соопштението.
Фич истакна дека забележала серија негативни рејтинзи на банките кои се најпогодени од неодамнешните банкротства и значителниот одлив на депозити од март.
SVB, Signature Bank и First Republic Bank пропаднаа во изминатите два месеци поради проблеми со ликвидноста и ненадејниот одлив на депозити.