Фич: Украинската криза го намалува кредитниот рејтинг во Централна Европа

31

Војната на Русија против Украина ја намали прогнозата за кредитниот рејтинг на европските економии во подем на најниско ниво во последните 19 години, објави во петокот „Фич рејтинг“.

Војната има „невидено влијание врз рејтингот во регионот“, се вели во соопштението на глобалната рејтинг агенција.

Една година по почетокот на тековната војна, процентот на земји со стабилен кредитен рејтинг во Европа во развој падна на најниско ниво од крајот на 2003 година, се вели во извештајот.

Тој процент падна на нешто повеќе од 36 отсто овој месец, во споредба со 70 отсто на крајот на февруари минатата година, се додава.

Во Европа, седум земји, вклучувајќи ги Чешка, Естонија, Унгарија и Словачка, имаат негативни изгледи за нивниот рејтинг, додека сите имаат ризици во услови на енергетска криза и фискална политика предизвикана од војната, според Фич.

Агенцијата нагласи дека влијанието на војната врз цените на нафтата и природниот гас е негативно, особено за увозниците на енергија.

„Фич“ соопшти дека очекува војната да продолжи оваа година, а нејзините геополитички импликации, економските ефекти и политичките одговори ќе останат клучни двигатели на кредитниот рејтинг и изгледите на европските земји во развој.