Фил Колинс продава резиденција за 40 милиони долари, претходно Џеј Ло живеела таму

55

Британскиот музичар, Фил Колинс за 40 милиони долари ја продава својата резиденција сместена во Мајами Бич.

Имотот, чиј сопственик претходно била Џенифер Лопез, има 11 соби и 10 тоалети. Резиденцијата се протега на над 1.000 метри квадратни, а е изградена во медитерански стил во 1929 година.

Сместена е на самото крајбрежје во должина од околу 60 метри, има свој базен и рибник.

Во 2015-та година, Фил Колинс за овој имот одвоил 33 милиони долари.

Фото: Facebook