Филип Морис лансира нова иницијатива за борба против нелегална трговија и сива економија

25

???????????

Philip Morris International најави нова голема иницијатива PMI IMPACT – со цел да помогне во спречувањето на шверцувањето со цигари и слични криминални активности.

Централно во иницијативата PMI IMPACT е формирањето на престижен совет на надворешни независни експерти, чии седум членови имаат големо искуство во полето на правото, борбата против корупцијата, како и спроведување на правото. Експертите ќе надгледуваат грантови, со цел да се овозможи иновација во трите клучни области во борбата против шверцот и поврзаните криминали – истражување, образование и свесност и акција.

PMI IMPACT ќе објави повик за пријава на предлози кои би се финансирале подоцна оваа година. Предлозите може да бидат од приватниот, јавниот сектор или од невладините организации. PMI има одвоено 100 милиони долари за финансирање на првите три етапи грантови.

“Напредокот против нелегалната трговија бара идеи, ресурси и акции – и поради тоа сме навистина нестрпливи да започнеме со PMI IMPACT. Особено сме благодарни поради тоа што исклучителни експерти се согласија да го водат овој потфат и нетрпеливо чекаме на голем број пријави на повикот за доставување на предлози. Паралелно со тоа, PMI продолжува да го контролира сопствениот ланец на набавка и да ги поддржува меѓународните протоколи против нелегална трговија”, изјави Андре Каланѕопулос, генерален извршен директор на PMI.

Нелегалната трговија е вкоренет феномен, што има взаемна зависност со поширок спектар на криминални активности. Според проценките, вкупната пазарна вредност на нелегално тргуваните добра изнесува 650 милијарди американски долари, со активни црни пазари за безброј производи, од лекови, храна и тутун до оружје и диви животни. Најсвирепата нелегална трговија, трговијата со луѓе, е надвор од секаква финансиска проценка.

“Нелегалната трговија напредува денес, делумно поради еден вид на здруженост меѓу криминалните мрежи кои работат со неказнивост и ги злоупотребуваат отворените граници, корумпираните власти, нееднаквите правни системи и недостатокот на лица кои ќе ја спроведуваат правдата. Ние во Советот со нетрпение очекуваме да ги разгледаме предлозите за иновативни и креативни решенија од јавните и приватните ентитети, со цел да ги опфатиме проблемите создадени од глобалната нелегална трговија“, изјави Сузан Хајден, експерт, член на Советот и поранешен Јавен обвинител за американскиот департмент за правда.

И покрај големиот напредок, сè уште постои значителна нелегална трговија со многу видови на тутунски производи. За криминалците, често има поголем профит и помал ризик од шверцот на тутун отколку на пример, шверцот на нелегални дроги.

Според членот на Советот на PMI IMPACT, Луис Морено Окампо, кој беше првиот главен обвинител на меѓународниот кривичен суд, “тутунот е контролиран од државните легислативи; стопирањето на шверцот е начин да се спроведат овие регулативи”.

PMI IMPACT е една од неколкуте главни програми кои компанијата ги поддржува со цел да промовира одржливи бизнис практики и да посочи на комплексни општествени проблеми. Компанијата е исто така потписник на Одржливите цели за развој на Обединетите нации.