Филипче најави нова мерка – влез во затворени места само со примени две дози вакцини

166

Следната недела во Влада ќе се разговара за воведување на мерката во затворените места да може да се влезе само со сертификат за примени две дози вакцини, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, рече Филипче.