Филипче: Од октомври ќе се бара сертификат за две примени вакцини

144

Од октовмри ќе се бара сертификат за целосна имунизација за влез во сите угостителски објекти како и други институции, како дополнение на мерката “една доза вакцина“, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица.

“Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно“, вели Филипче.