
Холандската компанија „Филипс“ денес објави дека минатата година забележала профит од 897 милиони евра, враќајќи се во црно за прв пат од 2021 година, по загуба од 698 милиони евра во 2024 година, со раст на приходите и подобрена профитабилност и покрај американските царини.
Во исто време, приходите на „Филипс“ за минатата година се зголемија на 17,8 милијарди евра, со особено силен раст на продажбата на производи за лична нега, објавува „НЛ Тајмс“.
Компанијата успеа да ја одржи продажбата и покрај дополнителните увозни давачки во САД, додека мерките за штедење и намалувањето на трошоците поврзани со повлекувањето на уредите за апнеја при спиење значително ја подобрија профитабилноста.












