Филмови со најголема заработка за време на пандемијата

148

Киносалите се затворени, а стриминг платформите се попопуларни од кога било. Пандемијата значително го смени начинот на уживање во новите достигнувања на одличните режисери.
Помина една година од прогласувањето на пандемијата, а ова се филмовите коишто заработија најмногу пари во изминатиот период.

На прво место е филмот Tenet, кој заработи 58,2 милиони долари, следи The Croods: A New Ageсо профит од 55,4 милиони долари. Wonder Woman 1984 е на третото место со 45,6 милиони долари, а на четвртото е Tom & Jerry со 34,6 милиони долари.

Raya and the Last Dragon заработи 24,9 милиони долари, ставајќи го на петтото место, на шестото место е The New Mutants, со заработка од 23,9 милиони долари.

Следат филмови: The War With Grandpa (20,9 милиони), Unhinged (19,8 милиони), Monster Hunter (14,9), The Little Things (14,7 милиони), The Marksman (14,4 милиони), Honest Thief (13,7 милиони), News of the World (12,4 милиони), Come Play (10,5 милиони) и Chaos Walking (10,3 милиони).

Последните пет позиции се: Let Him Go (9,4 милиони), Freaky (9 милиони), Nobody (6,7 милиони), Fatale (6,3 милиони) и Trolls Word Tour (5,9 милиони).

Фото: Pixabay