Финализирање на договор од 50 милијарди долари меѓу Fiat Chrysler и Peugeot Citroen

24

Управите на Fiat Chrysler (FCA) и Peugeot Citroen (PSA) одржаа одвоени седници. Главна тема им била финализирање на договорот за спојување во вредност од 50 милијарди долари, пишува Ројтерс.

Со ова спојување, ќе се формира четвртиот најголем светски производител на автомобили.

Двата автомобилски гиганта се спојуваат со цел да одговорат на предизвиците во индустријата, вклучувајќи го падот на глобалната побарувачка и потребата за развој на скапи електрични автомобили за да ги задоволат еколошките стандарди.

FCA и PSA соопштија дека ќе се обидат да го реализираат договорот до крајот на годината за да создадат групација што ќе продава над осум милиони автомобили годишно и ќе се најде веднаш зад Volkswagen, Toyota и Renault – Nissan.

Фото: Pexels