Fiat Chrysler и Peugeot се спојуваат и создаваат гигант од 50 милијарди долари

41

Двата автомобилски бренда, американско – италијанскиот Fiat Chrysler и француски PSA Peugeot се согласија да ги спојат и да формираат нова компанија.

Договорот меѓу овие два производители на автомобили би имал пазарна вредност од околу 50 милијарди долари, пишува BBC.

Новата компанија ќе биде дел од друштвото гигант и ќе стане четврти најголем производител на автомобили во светот. Според двете  компании, акционерите на двете групации ќе имаат по 50% од капиталот на новиот ентитет.

Управниот одбор ќе има 11 членови, шест од Fiat, пет од Peugeot, а актуелниот директор на француската компанија, Карлос Таварес, ќе биде генерален директор. Претседателот на Fiat Chrysler, Џон Елкан, ќе биде претседател на Управниот одбор.

Од двете компании уверуваат дека спојувањето ќе оди брзо и нема да се затвори ниту една фабрика.

Фото: Pixabay