Финансиски директор дојде еден ден на работа и си замина со 700.000 долари

270

Новиот финансиски директор (CFO) на „Модерна“ за прв пат дојде на новото работно место во понеделникот, а следниот ден му беше кажано дека повеќе не мора да доаѓa. Она што е уште поинтересно е што тој работен ден ќе си го наплати 700.000 долари.

Причината поради која Хорхе Гомез толку брзо го напушти производителот на вакцини против Ковид-19 е во неговата поранешна компанија. Отказот дојде кога се дозна дека поранешниот работодавач производителот на стоматолошка опрема, Dentsply Sirona,  започнал внатрешна истрага, во која е вклучен и Гомез, а се однесува на финансиското известување.

„Одборот за ревизија (SEC) исто така ги истражува наводите дека одредени поранешни и сегашни членови на повисокото раководство насочиле употреба на стимулации и други активности на компанијата за да се постигнат целите за надоместоци на извршните директори во 2021 година“, напиша Dentsply Sirona во поднесокот.

Иако е под истрага, Гомез ќе добие 12-месечна плата од 700.000 долари од Модерна, но нема да добие бонус од 500.000 долари за „потпишување“, надоместување на трошоците за преселба или парична награда за нов ангажман, соопшти Модерна.