Малик С. Ли е овластен експерт за финансиско планирање и има клиенти скоро 15 години. Претежно го прашуваат која е тајната на успешното штедење и стекнување богатство, а тој вели дека ги препознава овие три навики кај неговите најбогати клиенти.
Некои прашуваат затоа што се љубопитни, додека други прашуваат заради когнитивно-бихевиорални предрасуди, како што е “ефектот на стадо“, каде веруваме дека е побезбедно да се следи популарното мислење.
Нивниот најзначаен годишен трошок е заштеда
“Моите најбогати клиенти постојано заштедуваат 25% или повеќе од нивниот бруто приход годишно. Обично, повеќето експерти препорачуваат да заштедите околу 10% до 15% од бруто приходот, а потоа да ги зголемувате годишно или кога ќе дозволи протокот на готовина. Се согласувам со тоа и ако во моментов не штедите ништо, 10% од вашите приходи се одлични за почеток“, вели Ли. Сепак, тој нотира дека “поагресивните заштеди“ се секогаш подобри.
Богатите многу добро ги разбираат ризиците и знаат како да управуваат со нив
“Неодамна дознав дека Монт Еверест, највисокиот врв на Земјата, бара повеќе напор при спуштање отколку кога се искачува. Ако ја користиме истата метафора во однос на богатството, тоа оди заедно со моето верување дека повеќе ‘жртви на богатството’ настојуваат да ги одржат тие пари отколку да ги акумулираат. Откако ќе стекнете богатство, мора да го заштитите, не само од лоши одлуки за инвестиции и нестабилност на пазарот, туку и од други фактори како што се прекумерната потрошувачка, инфлацијата…“, вели Ли.
За жал, заштитата на богатството понекогаш може да дојде со огромна цена вели тој. “Како финансиски експерти, ние сме научени да ги упатуваме нашите клиенти кон долгорочни премии за осигурување. Но, тоа е само почеток. Можеби ќе ви треба одреден вид на осигурување“, вели тој.
Тим на експерти е од витално значење
“Иако сè повеќе луѓе ги ‘решаваат’ нештата со помош на Google или YouTube, кога станува збор за финансиите, моите најуспешни клиенти бараат помош од експерти, во живо. Стручниот тим за градење богатство обично се состои од адвокат, даночен експерт, експерт за осигурување и финансиски советник“, вели Ли.
Фото: Freepik