Финансиското тело на Г20 ја зајакнува контролата врз стоковните берзи

20

Одборот за финансиска стабилност на Г20 денеска објави дека ќе го зајакне надзорот над пазарите на стоки, бидејќи рускиот напад врз Украина предизвика големи флуктуации на цените.

„Одборот за финансиска стабилност (ФСБ) го засилува своето следење на тековните случувања на пазарот и новите ранливости, со посебен фокус на пазарите на стоки, маргините и финансиските ризици“, се вели во писмото на ФСБ до министрите за финансии на Г20 и гувернерите на централните банки, пренесува Ројтерс.

Во писмото се додава дека „руско-украинската војна ја зголеми загриженоста за растот и потенцијалната употреба на криптовалутите“.