Финците во Норвешка бараат подобар стандард

20

Повеќе Финци сега се преселуваат во Норвешка во потрага по подобра заработка, наместо во Шведска, како што беше случајот порано. Ова се наведува во соопштението на советодавната служба на Нордискиот совет на министри.

Миграцијата на Финците во Норвешка, каде што со текот на годините емигрирале околу 400 до 500 луѓе, генерално беше многу помала во споредба со Шведска, каде што годишно се преселуваат до 2.000 фински граѓани.

Меѓутоа, сега Норвешка е многу поинтересна за граѓаните на Финска поради подобрите плати, се вели во соопштението на советодавната служба на нордискиот совет на министри.

Како што се наведува, трендот е особено изразен кај медицинските сестри, додека во исто време Финска се соочува со недостиг од кадар во здравствениот сектор.

Речиси илјада регистрирани медицински сестри во Финска беа избришани од националниот регистар минатата година.

Честа причина за напуштање на професијата, според органот за лиценцирање Валвира, е незадоволството од моменталната состојба на секторот.

Според истражувањето на финскиот јавен сервис Yle, капацитетот на болничките одделенија низ Финска е намален минатата година, а некои дури и биле затворени, поради недостаток на медицински сестри, пренесува Capital.ba.