Фирма од Крива Паланка не платила акциза вредна 1,6 милиони евра

62

Одделението за истраги при Царинската управа на 23-ти овој месец до Основното јавно обвинителство во Куманово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Крива Паланка, поради основано сомневање дека сторило кривично дело Избегнување на плаќање акциза казниво по член 279-б од Кривичниот законик.

Станува збор за увезен необработен тутун во вкупна количина од 56.799 килограми, којшто потоа е пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200 денари.

Се работи за пет увози на тутун во лист од типот Вирџинија реализирани од страна на правното лице од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.

Фото: Pexels