Фирми и физички лица на УЈП ѝ должат над осум милијарди денари

19

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави седмата Листа на должници на којашто се објавени имињата на 1.722 должници и тоа правни лица за 25 повеќе од претходната листа и 2.883 физички лица, што е исто така за 25 повеќе од претходната.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2021 изнесува 8.109.433.211 денари, помалку за 42.626.462 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.038.812.078 денари (повеќе за 19.363.248 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 70.621.133 денари (помалку за 61.989.710 денари од претходната листа).

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.07/2021 за долгови доспеани до 31.03.2021 и неплатени до 30.06.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Фото: Pixabay