Фирми изнеле скоро милијарда евра

61

Фирми од Босна и Херцеговина во текот на минатата година изнеле околу милијарда евра во различни валути, пренесуваат тамошните медиуми.

Од тој износ влегуваат пари изнесени во евра, конвертибилни марки, долари, фунти, кинески јуани, јапонски јени, руски рубљи, турски лири, круни и српски динари.

“Сите патници кои внесуваат или изнесуваат готовина или хартии од вредност во износ поголем од 10.000 евра се должни тоа да го пријават во царинскиот орган на секој граничен премин во Босна и Херцеговина“, велат за Независни новини од Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина.

И додека од БиХ лани се одлеале големи износи на средства, како што се забележува, многу малку пари се внесени во земјата. Па така, фирмите во 2020 година во БиХ внеле околу 55,9 милиони евра, 1,2 милиони куни, околу 760.000 швајцарски франци и слично.

Фото: Pexels