Фирмите од 10 до 49 вработени со најголема потреба од нови работници

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2026 година достигна 2,17%.  Регионално, Скопскиот Регион предничи со највисока стапка од 2,30%, а според големината на фирмите, најактивно вработуваат малите и средните претпријатија.

Во второто тримесечје од 2026 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата.

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2026 година изнесува 2.17 %, а најголем број слободни работни места, 2.980, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.

Скопскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.30 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 6.23 % има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.38 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.20 %.

Највисока стапка на слободни работни места во второто тримесечје од 2026 година имаат
•    Скопскиот Регион: 2.30 %
•    Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 3.20 %

Фото: Gemini