Фискалните каси во Србија само како декорација

56

fiskalna kasa

Една третина од она што се произведува во Србија завршува во нелегални текови, а повеќе од половина од сивата економија се реализира во уредно регистрирани продавници, јавува РТС.

Сметката ја добиваат купувачите, но таа е невидлива за државата бидејќи наместо фискална сметка, тие добиваат рачно напишана сметка. На таа сметка нема ниту ознака на фирмата, како и печат.

Оваа појава е најчеста во угостителските објекти, но истата пракса ја имаат и градежни фирми, превозници, авто перални, бутици и трафики. Кон неславната листа на нелегални услуги се придружуваат и некои приватни здравствени услуги.

Српските даночни власти велат дека во иднина ќе бидат построги и побројни, па така досегашните 600 инспектори ќе добијат зајакнување. За скоро време, 1.000 контролори ќе се обидат да спречат 10.000 бизнисмени на кои фискалната каса често пати им служи како декорација.

“Особено во текот на летните месеци се зајакнати контролите за евидентирање на прометот преку фискалните каси во угостителскитеобјекти, продавници, градежништвото, односно во сите области каде доаѓаат до промет преку готовина“, вели Драган Агатуновиќ од Даночната управа на Србија.