Кредитната агенција Fitch го намали рејтингот на Хрватска од БББ- на ББ+, со стабилна прогноза. Fitch тврди дека фискалните прогнози за Хрватска се полоши од последните анализи во ноември. Агенцијата очекува оваа година дефицитот да биде 4,7%, а претходната прогноза беше 3,9%. Долгот ќе расте на 66% БДП. Fitch очекува и оваа година да продолжи рецесијата, па очекува пад на економијата за 0,9%, додека претходно предвидуваше раст за 0,3%.
Хрватската економија е во рецесија од 2009 година, од кога падна за вкупно 11%, а невработеноста е далеку над нивото на земјите со сличен рејтинг.