Fitch: Постојаната инфлација поттикнува зголемување на каматните стапки на централната банка

71

Постојаните инфлациски притисоци ги поттикнуваат централните банки да ги зголемат каматните стапки со многу побрзо темпо од очекуваното, објави „Фич рејтингс“.

Годишните стапки на потрошувачка инфлација дополнително се зголемија во последните месеци во Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Австралија и Јапонија и остануваат на историски високи нивоа во САД, Шпанија и Канада, се вели во соопштението на глобалната рејтинг агенција.

„Цените на енергијата и храната беа клучните двигатели, но се зголемија и базичните инфлациски притисоци“, се вели во извештајот.

Централните банки одговорија со дополнително заострување, со што каматните стапки достигнаа 4,5 отсто во САД, 2,5 отсто во еврозоната и 3,5 отсто во Велика Британија, наведува агенцијата.

Централните банки во Швајцарија, Австралија, Канада, Индија, Кореја, Индонезија, Мексико и Јужна Африка исто така ги зголемија каматните стапки.