„Fitch Ratings“ очекува централните банки да ги намалат каматните стапки, но не нагло

37

Се очекува централните банки ширум светот да започнат со намалување на каматните стапки оваа година, но не нагло, објави во петокот Fitch Ratings.

Рејтинг агенцијата изјави дека нè очекува дополнително зголемување на каматните стапки од Федералните резерви на САД, Европската централна банка (ЕЦБ) и Банката на Англија (БОЕ), јавува Anadolu Agency.

Агенцијата, сепак, објави дека очекува тие централни банки да ги намалат каматните стапки за по 75 базични поени до крајот на оваа година.

„Фич рејтингс“ ова сценарио го предвиде порано, односно очекуваа дека референтните каматни стапки нема да се намалат до 2024 година.

„Стапките на крајот на оваа година и понатаму ќе останат далеку над нивото пред пандемијата“, посочува агенцијата.

„Фич рејтингс“ забележа во својот Глобален економски извештај, во кој беа опфатени 20 земји, дека очекува само Банката на Јапонија да ги зголеми каматните стапки „како што основната инфлација конечно ќе почне да расте“.