ФИТР има нов директор

112

По оставката на Коста Петров од директорската позиција во Фондот за иновации и технолошки развој, Владата на вчерашната седница назначи нов в.д. директор.

Како дел од прифатените кадровски предлози на владината Комисија за именување,  прифатена е одлуката на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да му биде предложено за в.д. директор на Фондот да го именува Фестим Халили.

Тој претходно беше директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура и на Националната радиодифузија.