Flacon Tortue – парфем од 10.000 евра

38

luksuz-beauty-moda-fashion-guerlain-parfem-baccarat-99Модната куќа Guerlain го претстави својот нов луксузен парфем Flacon Tortue (Parfum Exceptional Edition) најавувајќи ја празничната сезона за оваа година.

Овој специјален мирис е една посилна реинкарнација на Parfum du 68, којшто беше претставен во 2013 година.

Парфемот е комбинација од акорда мандарина, розов бибер, јасмин, ванила, смил и османтус. Шишенцето потсетува на желка, облик што Guerlain го претстави уште во 1913 година.

Дизајнот на пакувањето е дело на францускиот производител на кристали Baccarat, а секое шише е рачно изработено и украсено со свилени теми преплетени на прекрасен начин.

Серијата ќе биде лимитирана на само 47 шишенца од 60 ml, по цена од 10.000 евра.

luksuz-beauty-moda-fashion-guerlain-parfem-baccarat (4)
luksuz-beauty-moda-fashion-guerlain-parfem-baccarat (5)