Flexjet нарачува 20 суперсонични авиони од Aerion

54

aerion-as2-02Американскиот произведувач на суперсоничните авиони Aerion, објави вест дека компанијата Flexjet ќе порача 20 нивни авиони од моделот Aerion AS2, пишува Robb Report.

Оваа компанија е прв оператор што се одлучил на ваков потфат. Секој од овие авиони чини неверојатни 120 милиони долари, што го објаснува и фактот зошто нема повеќе такви модели за комерцијална употреба. Како што велат од Aerion, AS2 ќе има доволно место за осум до десет патници во кабината чија што должина изнесува приближно десет метри.

embed-02_13

Суперсоничниот авион се одликува со прилично голема брзина од 1.593 километри на час. Овој модел го скратува патот преку Атлантикот за три часа, а патот преку Пацификот за дури шест часа.

Двете компании најверојатно ќе соработуваат на прилагодување на дизајнот на премиум кабината со специфичен ентериер. Aerion објави и дека нивното партнерство со Airbus е во пораст и дека сега бараат простор за изградба на производствен погон.

Првиот лет со новиот AS2 се очекува во 2021 година.