Веб страната за споделување на фотографии, Flickr на своите корисници ќе им понуди алатки за заштита од кражба, пишува BBC.
Тие ќе можат да детектираат доколку некој без согласност користи фотографија од друг автор.
Претплатниците на Flickr Pro ќе можат да надгледуваат до 1.000 фотографии и автоматски да испратат потврди за авторски права на луѓе или компании коишто ги користат нивните дела.
Од минатата година на корисниците им беше намалено правото за бесплатни фотографии на 1.000 откако претходно добиваа еден терабајт за складирање гратис.
Алатката за детектирање на фотографии е во соработка со американскиот старт – ап Pixsy.
Фото: