Flo: Систем што им помага на велосипедистите да не чекаат на семафор

67

flo-hoe-werkt-het1

Фото: Flo

Во холандскиот град Утрехт е поставен систем којшто треба да им овозможи на велосипедистите помалку да чекаат на семафорите. Flo е семафор дизајниран од холандската компанија Springlab, којшто ја мери брзината на велосипедистите 120 метри пред да стигнат до семафорот и покажува дали треба да се намали или зголеми брзината за да поминат на зелено светло, пишува Curbed.

Ако системот измери дека велосипедистот се движи брзо, на екранот на семафорот се појавува зајак, а ако брзината е мала се појавува слика од желка. Кога брзината е соодветна на екранот се покажува дигнат палец, а ако не може да се избегне црвеното светло, тогаш на екранот се појавува крава.

“Ги одбравме животните бидејќи зајак и желка се универзални симболи за брзо и бавно возење. Кравата ја одбравме бидејќи секој Холанѓанец кога оди на одмор во Франција чека да поминат крави кои го блокираат патот“, вели шефот на Springlab, Жан Пол де Бер.

Flo е дизајниран на забавен начин за решавање на фрустрациите на велосипедистите кои треба да чекаат на семафор.