Флотата на Air Serbia доби авион “Владе Дивац”

27

VLADE DIVAC

Српската национална авиокомпанија Air Serbia одлучи од денес во својата флота да стави авион што ќе го носи името на прославениот спортист, кошаркарот Владе Дивац. Авионот од типот Airbus A320 ќе го носи името на кошаркарот во рамките на програмата “Живи легенди”, со која Србија им оддава признание на прославените Срби чии достигнувања треба да им служат како инспирација на другите, пишува Танјуг.

Фото: Танјуг