Flydubai со глобален попуст од 30%

12

Flydubai Boeing 737-800

flydubai вчера го лансираше својот прв попуст на целата мрежа, нудејќи 30% пониски цени за корисниците на бизнис и економската класа, кои патуваат до Дубаи и други селектирани локации. Корисниците кои планираат да патуваат меѓу 1 октомври 2015 година и 30 јуни 2016 година и ќе ги резервираат своите летови пред 20 септември, ќе добијат 30% попуст.

Летовите може да се купат од веб страницата на flydubai (flydubai.com), контакт центарот на компанијата (+389 2 3211 133), продажните центри на flydibai или преку агенциите-партнери на flydubai.

Со својата флота од 49 модерни Боинг 737-800 авиони, flydubai оперира околу 1.600 летови неделно, до повеќе од 90 дестинации во 45 држави, создавајќи мрежа која ги спојува земјите од Персискиот залив, Блискиот Исток, Африка, Кавкаските земји, Централна Азија, Европа, како и Индија. flydubai оперира со два лета неделно меѓу Скопје и Дубаи.