FoldiMate – робот што ги дипли алиштата за помалку од минута

46

575572051200002e008957a7

Диплењето на алиштата за многумина е губење време и кога некој друг би можел да го прави тоа би било одлично. На пазарот веќе има апарати што ја перат и сушат облеката и она што недостасуваше беше токму еден уред што ќе ги среди алиштата, а нам да ни преостане ставањето во гардеробер.

FoldiMate е еден вид на робот што ги дипли, ги омекнува со пареа, дезинфицира, па дури и парфимира алиштата за помалку од минута, пишува Huffington Post.

Парчињата облека се ставаат на закачалките на роботот и машината со помош на пареа ќе ги здипли до совршенство. Доколку корисникот сака истите да мирисаат убаво само треба да ја одбере опцијата парфимирање.

Стартапот ќе започне да прима нарачки следната година, а штом роботот се појави на пазарот цената ќе се движи од 700 до 850 долари. Заинтересираните можат уште сега да се регистрираат на мејл листата на FoldiMate и предвреме да платат само дел од сумата.

575572191200002e008957a8