Фолксваген го претстави својот концепт за роботакси OnePod

112

Автономните електрични возила што ќе возат по градските улици треба да бидат основа на градската мобилност во наредните години и децении. Така мислат Мате Римац и Гордон Мареј, така мислат Цитроен, Хонда и Џенерал Моторс, а се чини дека и Фолксваген е убеден во тоа. Тие се на нивниот DRIVE настан го претставиja концептот за автономно роботакси – OnePod.

Неговата примарна цел е да биде автономно возило достапно на барање. Овој концепт не се разликува премногу од некои веќе видени, и треба да послужи како платформа со можност за разновидни внатрешни конфигурации. Така, OnePod може да биде шатл за до четири патници, превозно средство за семејства со деца или лица со посебни потреби, како и превоз на сите други лица (деца, пензионери …) кои инаку не можат да се движат низ град самостојно.

OnePod се издвојува со големите стаклени површини што овозможуваат разгледување знаменитости, но и со големи екрани во внатрешноста кои на патниците им ги обезбедуваат сите потребни информации и овозможуваат контрола на возењето. Практичноста на возилото ја покажува и можноста за спуштање или подигнување на шасијата, што може автоматски да ја прилагоди висината на тротоарот – така што патниците во инвалидски колички, како и сите други, можат безбедно да влегуваат и излегуваат преку голема лизгачка врата. Исто така, има решетка за велосипеди на задната страна на OnePod.

Овој концепт беше развиен во центарот за развој и дизајн на Фолксваген Future Center Europe и ќе биде изложен во Берлин на крајот на годината на изложбата Go.City – The Future of Urban Mobility.