
Кризата на „Фолксваген“ се продлабочува со протести против извршниот директор Оливер Блуме. Илјадници вработени протестираа вчера во Волфсбург. Но, сега плановите за спасување на двете фабрики протекуваат, објавува „Билд“. Планот им нуди неочекувана надеж на фабриките во Цвикау и Емден. Имено, фабриката за автомобили во Емден, Германија, би можела да се пренамени за производство на дронови и воени возила. Наместо обични патнички автомобили, се истражува можноста за пренамена на фабриката за воено производство. Целта е да се произведува опрема како што се тешки воени камиони и дронови за германскиот Бундесвер и сојузничките земји, а тој пазар денес вреди милијарди евра.
За фабриката во Цвикау, решението за спасување би било производство на кинески модели на „Фолксваген“. Планирано е модели на автомобили кои претходно се произведувале само за кинескиот пазар да почнат да излегуваат од производствените линии во таа фабрика. Ова треба да ѝ обезбеди на фабриката многу потребно искористување на капацитетот.
Во моментов нема конкретни планови за спасување за другите две загрозени фабрики во Хановер и Некарзулм. Атмосферата на состаноците на вработените е опишана како многу напната. Кога извршниот директор Оливер Блумe разговараше со вработените во Волфсбург, претставниците на синдикатот го исвиркаа и остро критикуваа.












