Фолксваген плаќа 50 милиони евра отштета поради аферата Дизелгејт

Фолксваген ќе плати дополнителни 50 милиони евра обештетување на италијанските клиенти како дел од сега веќе деветгодишниот скандал Дизелгејт.

Аферата изби во септември 2015 година, кога американската агенција за заштита на животната средина ЕПА и откри на јавноста дека Фолксваген мамел на тестовите на издувните гасови.

Скандалот набрзо опфатил и други производители, како и неколку компании од автомобилската индустрија.

Во 2021 година, италијанскиот суд веќе му наложи на Фолксваген да плати отштета од 200 милиони евра на повеќе од 63.000 сопственици на нивните автомобили таму.

Споменатите 60.000 потрошувачи ќе бидат обештетени бидејќи нивните возила VW, Škoda, Audi и SEAT биле опремени со нелегален уред за исклучување на ниски температури, објаснуваат од Европската организација на потрошувачи (BEUC).

Во истиот случај, членовите на таа организација побарале отштета во Австрија, Белгија, Франција, Луксембург, Холандија и Португалија.

„Оваа спогодба им дава надеж на илјадници потрошувачи во другите европски земји кои сè уште чекаат компензација“, рече главниот директор на BEUC Моник Гојенс, цитиран од Ројтерс.