Фолксваген повлече над 114.000 возила во САД

85

Германскиот производител на автомобили Фолксваген повлече 114.478 возила во САД поради проблеми со воздушните перничиња, коишто под одредени околности би можеле да претставуваат опасност за возачите, соопшти американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Проблемот е во тоа што воздушните перничиња на страната на возачот би можеле да експлодираат поради долготрајна влажност и високи температури и да ја загрозат неговата безбедност.

Сите купувачи на возила со потенцијално небезбедни воздушни перничиња ќе бидат известени до 27 декември, а компанијата ќе им дозволи бесплатно да го заменат воздушното перниче во салон на Фолксваген.