Фолксваген повторно на удар

47

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген побара од Врховниот суд на САД да ја поништи одлуката на судот во Охајо, со која се отвори пат државата да продолжи со тужбата поради скандалот со манипулација со софтвер, кој лажно го прикажувал нивото на емисија на штетни гасови кај дизел возилата на компанијата.

Германскиот производител на автомобили претходно побара од Врховниот суд на САД да ја преиспита пресудата на Апелациониот суд, во која се вели дека двата округа би можеле да побараат парични казни кои би можеле да достигнат милијарди долари. Тоа барање е во тек, пишува Ројтерс.

Во јуни, Врховниот суд во Охајо одлучи дека федералниот Закон за чист воздух не ги исклучува тврдењата врз основа на државните закони спроведени од јавниот обвинител на Охајо, Дејв Јост – државен надзор по продажбата на возило или мотор, како што тврди Фолксваген.

„Ова е голема одлука со која ќе се осигура дека Фолксваген може да одговара“, рече државниот обвинител во јуни.

Германскиот производител на автомобили на суд наведува дека побарувањата на Охајо може да изнесуваат 350 милиони долари дневно, или повеќе од 127 милијарди долари годишно, во текот на повеќегодишен период.

Фолксваген и добавувачот Роберт Бош ДОО во јануари побараа од Високиот суд на Соединетите држави да ја поништи едногласната одлука на 9 -тиот окружен апелационен суд во која се вели дека округот Солт Лејк во Јута и округот Хилсборо во Флорида поради загадување, а по продажбата на дизел возила, може да бараат огромна компензација за штета.

Во 2015 година, Фолксваген призна дека манипулирал со софтверот инсталиран во 11 милиони дизел возила ширум светот за да покаже помало загадување при проверка на емисиите отколку во вистинското возење. Досега, аферата на германскиот производител на автомобили чинеше повеќе од 20 милијарди долари во форма на казни, повлекување возила и оштета.